Бројот на жртви во најсмртоносниот напад во Сомалија достигна 358 лица

Бројот на загинати во најсмртоносниот напад во Сомалија извршен пред една недела достигна 358 лица – напиша на Твитер сомалискиот министер за информации, Абдирахман Осман.

Вкупно 228 луѓе се повредени, а 56 се водат како исчезнати по нападот со камион-бомба во сомалискиот град Могадишу.

Владата во Сомалија ја обвини за нападот радикалната група „Аш Шабаб“, која е поврзана со Ал Каеда и има извршено десетици напади во земјата.

Би те интересирало и

Северна Кореја забрани забави со музика и алкохол

Северна Кореја создаде систем во кој државните медуми секојдневно информираат за економските проблеми со кој ...

Хаг пресуди : Доживотен затвор за Ратко Младиќ

Хашкиот трибунал денеска му изрече доживотна казна затвор на поранешниот воен командант на босанските срби ...