Бугарија и Албанија сакаат стабилна Македонија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Бугарија и Албанија сакаат стабилна Македонија

bushati-mitov-1-600x400_2016518102248

Бугарија и Албанија се заинтересирани за тоа што се случува во Македонија и посакуваат стабилизација на земјата – тврди албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати, кој вчера се сретна со шефот на бугарската дипломатија Даниел Митов во Софија.

Според Бушати, во Македонија е неопходно да има политички дијалог кој ќе доведе до решавање на кризната ситуација во земјата.

„Македонија е добредојдена да се присоедини кон НАТО“, одговорил Бушати новинарско прашање за тоа дали Тирана го поддржува членството на Македонија во Северноатлантскиот пакт.

Тој додал дека постојат критериуми коишто се утврдени уште за време на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, а кои се однесуваат во целост како за Македонија, така и за сите други земји кои би сакале да и пристапат на Алијансата:

„Во тој контекст присоединувањето на Црна Гора е еден добар и мудар чекор кој ќе придонесе за поголема стабилност на нашиот регион. Од друга страна, се надевам дека тоа ќе го намали влијанието на т.н. трети играчи во регионот“.

И шефот на бугарската дипломатија Митов оценува дека приклучувањето на Црна Гора и другите земји од регионот во Алијансата би означувало повеќе сигурност. Според него, колку повеќе држави се присоединат кон структурата на Атлантскиот пакт толку поголема ќе биде сигурноста околу нас.

Би те интересирало и

По Солун, протест за името Македонија ќе има и во Атина

По масовниот протест во Солун во неделата, грчките организации и здруженија повторно ќе протестираат, но ...

Протест и контра протест во Солун за Македонија

„Македонија е Грција“ пишува на паното закачено од рано утрово над бината во центарот на ...