Бугарските натпреварувачи најдобри на меѓународното натпреварување со џипови „Мacedonian trophy“

Бугарската посада во состав Љубен Динев и Димитар Нејков од Стара Загора, го освои првото место во најтешката и најекстремна  „трофи“ категорија со што стана апсолутен победник на вториот меѓународен натпревар со џипови-насловено „Мacedonian trophy“ што се одржа изминатиот викенд во организација на клубот „Офф роуд Прилеп“.

Натпреварот се одржа на полигонот за екстремни спортови крај Прилеп. Истиот екипаж фактички го одбрани минатогодишното прво место, а за доминацијата на бугарските натпреварувачи потврдуваат и освоеното второ место на Пламен Исајев и Кирил Киров, и третото место кое им припадна на Јордан Стајков и Стефан Иванов. Во втората по тежина категорија „адвенчр“ најуспешен беше македонскиот екипаж Ивица Јакимоски и Јован Мрда.

Возачот и победник на годфинашново „Мacedonian trophy“ , Љубен Динев не го криеше задоволството од победата а ги пофали домаќините за организацијата:

„Со најголемо задовоство учествуваме на македонското трофи. Веќе нивото на организација е многу високо, а и стандардите се меѓународни. Сето ова го доближува натпреварот до балканско трофи и се’ ќе направиме да влезе и да се бодува во меѓународните натпреварувања“.

Претседателот на клубот „Офф роуд Прилеп“, организатор на македонското трофи натпреварување со џипови, Панчо Чупаркоски истакна дека двата натпреварувачки дена протекле во најдобар ред:

„Годинашново македонско трофи натпреварување помина со многу поголем број учесници-околу 200 од Бугарија, Грција, Србија и Македонија, но и бројна љубопитна публика.Правилата и условите за натпреварување беа според европските стандарди. Желба и план е ова да прерасне во традиција и ова трофи да се бодува во некој од меѓународните купови“.

Македонското трофи се одржуваше два дена: во саботата се возеа 30 километри во околината на Прилеп, а вчера на по специјално подготвена патека на пологонот за екстремни спортови кај прилепско Старо Лагово. Натпреварот ја има подршката од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија, затоа што како што рече претставникот на Агенцијата, Живка Цветкоска Андоновска, авантурисичкиот туризам привлекува голем број посетители и е светски тренд што  е одлично за Македонија зашто, според истражувањата 74% од туристичкиот приход е за локалните заедници.

 

Петар Димоски

 

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...