Бугарското Собрание го ратификуваше Договорот за добрососедство и соработка со Македонија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Бугарското Собрание го ратификуваше Договорот за добрососедство и соработка со Македонија

Бугарскиот Парламент денеска го ратификуваше Договорот за добрососедство и соработка со Македонија, откако  тој доби едногласна поддршка од сите параламентарни партии на вчерашните седници на комисиите за надворешна политика и за европски прашања.

Договорот го потпишаа премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов лани на 1 ав густ. со цел да се зацврстат меѓусебните пријателски односи, да се унапреди добрососедството и да се развијат сестрани меѓусебни односи, согласно меѓународното право.

На 15. јануари македонскиот Парламент со 61 глас „за“ и еден „воздржан“ го изгласа Предлог-законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Би те интересирало и

Меркел: На Балканот му требаат автопатишта, а не студии за изводливост

Германската канцеларка отворено ја критикуваше ЕУ поради бавноста во спроведувањето на проектите и исплатата на ...

Маж фрли граната врз американската амбасада во Подгорица, по што се разнесе

Маж фрли рачна граната во зградата на американската амбасада во Подгорица, Црна Гора, пред да ...