Бунт против Нејмар во ПСЖ

Нејмар во вистинска смисла е прва и главна ѕвезда во тимот на Пари Сен Жермен. Најскапиот играч во историјата на фудбалот има посебни привилегии во францускиот тим, но тоа како да создава контра ефект – пренесува Спортмедиа.

Соиграчите на Нејмар се огорчени поради привилегиите кои ги добива Бразилецот. француските медиуми пренесуваат дека додека останатите играчи треба да чекаат за масажа, за Нејмар има резервирано двајца физиотерепевти, кои се само за него.

На играчите на ПСЖ им е забрането да му стартуваат со клизачи на Нејмар, за време на тренинзите. Нејмар добил дозвола да не мора да се враќа и да помага во дефанзивата, за да не ја троши енергијата. Тоа значи дека Бразилецот е фокусиран само на играта во нападот.

Нејмар е најплатениот играч во клубот со 30 милиони евра годишна плата, а сепак има најмалку обврски, што наидува на отпор кај останатите играчи, кои подготвуваат тивок бунт против Бразилецот.

 

Извор: www.sportmedia.mk

Би те интересирало и

УЕФА ги објави номинациите за тимот на годината

Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата официјална интернет-страница го објави списокот на фудбалери што се ...

Тевекио повеќе не е прв човек на италијанскиот фудбал

Карло Тевекио замина од функцијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија. Тевекио ја напушти функцијата ...