Ване од Неготино ќе искачува врв во Албанија во чест на починатиот претседател Борис Трајковски – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Ване од Неготино ќе искачува врв во Албанија во чест на починатиот претседател Борис Трајковски

Деветгодишниот планинар од Неготино Ване Бошев викендов ќе го искачува врвот Бресник висок 1.752 метри во Албанија, во чест на годишнината од загинувањето на поранешниот претседател Борис Трајковски. За ова денеска информираше неговиот татко Орданче Бошев.

Првите чекори во планинарењето Ване ги направи на неполни три години и досега има освоено бројни врвови во земјава и странство, а има добиено и многу награди и признанија, меѓу кои и од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, како млад и надежен планинар, потсети тој.

Би те интересирало и

В понеделник делови на општина Аеродром без струја

  Заради закажани технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија во понеделник ќе останат ...

Одбележан патронатот на тетовската касарна Кузман Јосифоски Питу

Пред споменикот на народниот херој Кузман Јосифоски Питу во Тетовската касарна која го носи неговото ...