Вардарци пред Загреб: Немаме право на нов домашен кикс

Македонскиот ракометен првак Вардар продолжува со обврските во Лигата на шампионите. Во првиот домашен меч за 2017 година, црвено-црните на домашен терен го пречекуваат тимот на ППД Загреб, за кого Раул Гонзалез дели дека е доста незгоден и дека мора да се почитува – пишива порталот Гол.

Загрепчани синоќа во меч од СЕХА-лигата загубија од Металург (22-25), а сега следи дуел со силниот Вардар кој е желен за одмазда. Причина е последниот дуел одигран во Загреб, кој хрватскиот колектив го доби со 28-27 и му го нанесе на македонскиот првак првиот пораз во Лигата на шампионите сезонава.

„Загреб загуби од Металург, но тоа не смее да не залаже. Доста го почитуваме, затоа што е тим кој игра доста добро во напад. Го победивме противникот во Скопје во рамки на СЕХА-лигата со доста проблеми, додека во ЛШ загубивме на гости. Треба да играме максимално ангажирано, да бидеме подготвени на се. Задоволен сум како трениравме, но ќе мора да се покажеме. Ќе ни биде потребна и поддршка и од публиката“, изјави Раул Гонзалез.

Свој збор на пресот имаше и капитенот Столе Стоилов, кој изјави дека вардарци на мечот мора да заборават на се затоа што нема воопшто да биде лесно.

„Мора да заборавиме на се претходно, на нашите порази како и на фактот дека ППД Загреб загуби од Металург. Ќе биде навистина тежок натпревар, најважно од се е да се победи. Да не се повторат грешките кои ги правевме против Рајн Некар“, изјави Стоилов.

Натпреварот меѓу Вардар и ППД Загреб се игра в сабота од 17.30 часот. Билетите се веќе пуштени во продажба и чинат 350 денари. Вардар е на третото место во групата Б, а дополнителен мотив за победа ќе бидат двата порази во низа од Рајн Некар Левен и Киелце.

 

Извор: www.gol.mk.mk



Додади коментар

Би те интересирало и

Белорускиот Брест е домаќин на завршниот турнир на СЕХА лигата

Седмиот „фајнал-фор“ на регионалната СЕХА лига од 7 до 9 април ќе се одигра во белорускиот град ...

Македонската младинската репрезентација се пласира на ЕП за ракометарки

Со победата над Фарски Острови од 23:19 постигната синоќа на последниот натпревар од квалификационата група ...

Close
Advertisment ad adsense adlogger