Вардар во полуфиналето на Лигата на шампионите

Вардар го оствари повеќегодишниот копнеж, стана првиот македонски тим што ќе настапи на фајналфор-турнирот во машката Лига на шампиони! За разлика од претходните три сезони, овој пат беше убедлив во четвртфиналето со две победи над Фленсбург, од кои втората, вечерва во Скопје беше изразена со убедливи 35:27.

Најави Раул Гонзалес дека неговите ракометари нема да тргнат во дефанзива на триумфот од 26:24 од првиот натпревар и така бидна. Вардар веднаш наметна темпо, со силна 5-1 зона во одбраната и со извонреден Арпад Штербик дојде до 10:6 во 22. минута. Фленсбург немаше методи за надмудрување, па предноста на полувреме достигна највисоки 15:10.
Германците немаа избор освен да тргнат со сите сили кон голот во вториот дел, со брз центар и без голман, меѓутоа тоа им се удри од глава и веќе во 44. минута Вардар имаше недостижни 26:17.

Еуфоријата растеше како што се трошеше времето и во полната сала и пред видео-бимот надвор од неа, а ракометарите знаеја како да ја потхранат, со неколку атрактивни цепелини и ефектни потези до крајот.

Во конечните 35:27 најзначаен удел имаа Лука Циндриќ со седум гола, по пет додадоа Данил Шишкарев и Алекс Душебаев, а Арпад Штребик дојде до 12 интервенции. Прв стрелец на натпреварот беше Андерс Егерт од Фленсбург со осум гола.

Вардар е првиот учесник на Ф4-турнирот во Келн, кој ќе се одржи на 3 и 4 јуни. Покрај него за место конкурираат и победниците од мечевите ПСЖ – Пик Сегед (30:27), Барселона – Кил (26:28) и Монпелје – Веспрем (23:26).

Vardar fans bringing the roof down in VELUX EHF Champions League

Residents of Cologne – you may want to invest in some earplugs. RK Vardar have qualified for the VELUX EHF FINAL4, and are coming to your town on 3 and 4 June.And they are loud. Oh so very loud.

Posted by EHF Champions League on Donnerstag, 27. April 2017

Би те интересирало и

Вардар победи во Целје

Ракометарите на Вардар во Целје ја продолжија победничката серија во регионалната СЕХА лига. Вчера вечерта, ...

ЖРК Вардар гостува кај Ларвик во третото коло од ЛШ

Ракометарките на Вардар попладне од 17 часот гостуваат во Норвешка кај Ларвик во третата рунда ...