Вардар го чека Малме во ЛШ

Фудбалерите на Вардар, во Струмица, ќе го одиграат реванш натпреварот во квалификациите за Лигата на шампионите против шведскиот шампион Малме.

Вардар во пресрет на реваншот има активен резултат и е поблиску до пласман во третата квалификациска рунда. „Црвено-црните“ во Малме одиграа 1-1.„Не очекува уште еден тежок, можеби уште потежок натпревар од првиот. Противникот сигурно ќе направи сè за да дојде до посакуваниот резултат. Тој натпревар во Малме беше само едно полувреме од овој двомеч, сега следува уште едно во кое што влегуваме максимално подготвени и концентрирани, и моите играчи се подготвени уште еднаш да дадат максимум. Сега подобро се познаваме со противникот после мечот во Малме. Верувам дека нашите грешки ќе бидат отстранети и дека ќе одиграме еден добар натпревар“ рече на прес конференцијата тренерот на Вардар Гоце Седлоски.

Натпреварот на стадионот „Младост“ во Струмица ќе започне во 18 часот.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Јаховиќ ја доби првата понуда – Рускиот гигант го сака Македонецот!

Македонскиот повремен репрезентативец, Адис Јаховиќ, оваа сезона игра фантастично, а после двата погодоци во вчерашниот ...

Реал не успеа да го победи Тотенхем

Тотенхем, сепак, немаше сили да направи подвиг и да стигне до победа на „Сантијаго Бернабеу“ ...