Вардар домаќин на Шкендија во дербито на колото во ПМФЛ

Втората пролетна рунда од домашниот фудбалски шампионат на Македонија го носи големото дерби меѓу Вардар и Шкендија, екипи кои се најсериозни претенденти за шампионскиот трофеј и годинава.
Овој меч е од висок ризик, а од тие причини претставниците на двата клуба заедно со МВР и ФФМ донесоа одлука дека на натпревраот нема да има навивачи на тетовската екипа. Затоа влезниците ќе се продаваат само со приложување на личен документ и тоа на билетарницата на северната трибина која ќе работи до 13:45 часот. Дуелот од 20.коло ќе се игра во Скопје на националната арена „Филип Втори“ со почеток од 14 часот, а ќе го суди Александар Ставрев.
Покрај овој натпревар попладнево ќе се играат и средбите: Ренова – Македонија ЃП, Шкупи – Работнички и Силекс – Победа.
Во воведниот меч од ова коло, одигран вчера во Охрид, Пелистер со 2:1 ја победи Брегалница.
Табела: Вардар 44 бодови, Шкендија 40, Пелистер 33, Работнички 31, Ренова 26, Силекс 24, Победа 16, Шкупи 16, Македонија ЃП 15, Брегалница 11.

Би те интересирало и

УЕФА ги објави номинациите за тимот на годината

Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата официјална интернет-страница го објави списокот на фудбалери што се ...

Тевекио повеќе не е прв човек на италијанскиот фудбал

Карло Тевекио замина од функцијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија. Тевекио ја напушти функцијата ...