Вардар и Металург во натпревар за првото место

Ракометниот првак на Македонија за актуелната сезона може да биде решен вечерва по одигрувањето на дуелот од 6.коло од плеј офот меѓу Вардар и Металург. Шампионот Вардар во натпреваротод 1.коло загуби во салата во „Автокоманда“ со 29:26 и за одбрана на титулата потребно е да победи со разлика повисока од три голови. Металург нема пораз на досега одиграните пет натпревари.

Иако до крајот на лигашкиот дел од плеј офот ќе останат уште четири кола квалитетот на овие две екипи многу отскокнува од другите четири и затоа шампионската титула најверојатно ќе се решава на вечерашниот дуел.

Натпреварот се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:30 часот, а ќе го судат македонските интернационални судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Табела: Металург 15 бодови, Вардар 12, Еурофарм Работник 9, Охрид 9, Пелистер 6, Борец 0.

Додади коментар

Би те интересирало и

Македонија против Данска во полуфиналето на завршниот турнир од Европската лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија во полуфиналето на завршниот турнир од Европската лига ќе игра против ...

Прв интернационален предизвик: Марија Николиќ потпиша за грчки ПАОК

Македонската репрезентативка Марија Николиќ, која досега ги бранеше боите на Металург во домашниот шампионат, ќе ...

Close