Вардар преку Битигхајм до лидерската позиција во групата – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Вардар преку Битигхајм до лидерската позиција во групата

Ракометарките на Вардар на домашен терен го совладаа германски Битигхајм со 30:22 и со оваа победа го обезбедија првото место во групата.

Македонскиот шампион, иако беше фаворит на средбата, во првиот дел на натпреварот не можеше лесно резултатски да се одлепи и да си обезбеди рутински тек на мечот. Но победата на Вардар во ниту еден момент не беше ставена под знак прашалник, па на полувремето „црвено-црните“ заминаа со позитива од 13:8. Во вториот дел вардарки во 37. минута поведоа со највисоки 18:11, а пред стартот на последните десет минути имаа шанса да за водство со двоцифрена разлика, но не искористија неколку напади.

Амандин Лејно одбрани неколку напади, а Андреа Лекиќ беше најефикасна со осум погодоци.

Вардар на последниот натпревар од главната фаза гостува кај Будуќност.

Би те интересирало и

Пред 16 години Кометал ЃП стана европски првак (Видео)

На 19 – ти мај во 2002 година во салата на СРК „Кале“ во Скопје ...

Вардарки отпатуваа за Будимпешта по посакуваната титула

  Ракометарките на ЖРК Вардар попладнево отпатуваа за Будимпешта на „фајнал-фор“ турнирот во Лигата на ...