Ватерполо судија турнат во базен (Видео) – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Ватерполо судија турнат во базен (Видео)

Натпреварот од Регионалната ватерполо лига меѓу Војводина и Црвена ѕвезда не го дочека крајот, бидејќи во последните секунди еден навивач на домашниот тим го турна судијата Марко Матијевиќ во базенот. На инцидентот му претходеше исклучување на еден играч од Војводина по што Црвена ѕвезда изедначи на 7:7.

Војводина на 29 секунди пред крајот за првпат дојде во водство (7:6), но не успеа да се одбрани во последниот напад.

Се очекува надлежните органи натпреварот да го регистрираат со службена победа за Црвена ѕвезда, а домаќинот да биде санкциониран.

 

Извор: МИА

Би те интересирало и

Меркел: На Балканот му требаат автопатишта, а не студии за изводливост

Германската канцеларка отворено ја критикуваше ЕУ поради бавноста во спроведувањето на проектите и исплатата на ...

Маж фрли граната врз американската амбасада во Подгорица, по што се разнесе

Маж фрли рачна граната во зградата на американската амбасада во Подгорица, Црна Гора, пред да ...