„Веибо Груп“ отпушти 85 вработени – Владата ветуваше 5.600 работни места – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

„Веибо Груп“ отпушти 85 вработени – Владата ветуваше 5.600 работни места

veibo-610x287

Турско-кинеската компанија „Веибо Груп“ на 85 вработени денеска им даде „новогодишна честитка“ во вид на отказ. Тоа е истата „Веибо Груп“ чиј менаџмент и Владата најавија дека инвестицијата ќе тежи 400 милиони долари, а ќе обезбеди 5600 нови работни места.

Компанијата во слободната зона во Ранковце од лани ја следат контроверзи, откако ја замрзна мега инвестицијата. Како причина ја наведоа неможноста за наоѓање на соодветна работна сила за реализација на големите производни таргети за потребите на постојната фабрика во Крива Паланка за задоволување на своите интернационални клиенти, меѓу кои и за „Зара“.

Во фабриката беа вработени 600 лица,а според плановите на инвеститорите од пред повеќе од една година, до јуни годинава требаше да бидат вработени 1000 вработени лица. Наместо тоа, пред Нова Година, вработените ги шокираше веста дека остануваат без работа.

Би те интересирало и

Маж тешко повреден во сообраќајка на локалниот пат село Грешница – Кичево

Четириесет и четиригодишен маж од селото Грешница се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна ...

Приведен крадецот кој ограби аптека во Маџари

Пронајден и приведен е разбојникот кој со закана со пиштол на почетокот на овој месец ...