Велика Британија ги советува граѓаните на ЕУ да си одат во нивните матични земји

Британското Министерство за внатрешни работи ги предупредува граѓаните на ЕУ кои се во центрите за задржување дека треба да ја напуштат Велика Британија, за да “избегне да не се претворат во проаднати и сиромашни”, пишува “Гардијан”. Весникот коментираше дека владата го зајакна својот тон кон граѓаните на ЕУ.

Во писмото на Владата, напишано од името на министерот за внатрешни работи   Руд преку   весникот “Обзервер”, исто така се советуваат граѓаните на ЕУ дека треба да размислат за напуштање на Островот, бидејќи имаат ” право слободно да патуваат во ЕУ и можат да го посетат , живеат, учат и во повеќето случаи работат во која било земја на ЕУ “.

Во писмото, кое е со датум од 18 октомври и е подготвено од вработените од  одделот за имиграциони прашања кон Министерството, се вели уште дека е одбиена молба за итно сместување на романски државјанин, кој е во притвор. Властите наведуваат дека тој треба да побара друга држава.

Вие можете да избегнете да се претворите во сиромашни ако  се вратите во Романија или друга земја-членка, каде што можете да добиете пристап до сите ваши права утврдени во Европската конвенција за човекови права , се појаснува во писмото.

Притвор и присилната протерување на државјани на ЕУ од Британија нагло се зголемило по  Брекзит, што предизвика критики дека Министерството за внатрешни работи намерно  цели кон  граѓани од ЕУ како дел од “непријателската средина”.

Според податоците, 5.301 луѓе биле протерани од островот  за една година ,до јуни 2017 година. 

Превземено од: Локално

Би те интересирало и

Северна Кореја забрани забави со музика и алкохол

Северна Кореја создаде систем во кој државните медуми секојдневно информираат за економските проблеми со кој ...

Хаг пресуди : Доживотен затвор за Ратко Младиќ

Хашкиот трибунал денеска му изрече доживотна казна затвор на поранешниот воен командант на босанските срби ...