Велика Британија го зголеми нивото на закана од терористички напади

Британската премиерка, Тереза Меј објави вчера дека го зголемува нивото на закана во земјата до критично по самоубиствениот напад во Манчестер, во кој загинаа 22 лица. Критично ниво на закани означува дека нов терористички напад е „веројатен“ или „претстои“.

„Врз основа на денешната истрага се дојде до заклучок дека нивото на заканата треба да биде зголемено засега од тешко на критично“, нагласи Меј и додаде дека тоа значи дека не само што веројатноста за нападот останува висока, туку дека е можно да претстои и нов напад.

„ Не можам да ја занемарам можноста дека нападот во Манчестер е поврзан со поголема група“, нагаси Меј. Таа додаде дека ќе бидат распоредени воени единици, кои ќе и помогнат на полицијата.

„Војниците ќе биде под команда на полицијата“, прецизира Меј.

„ Врз основа на денешната истрага се дојде до заклучок дека нивото на заканата треба да биде зголемено засега од тешко на критично“, нагласи Меј и додаде дека тоа значи дека не само што веројатноста за нападот останува висока, туку дека е можно да претстои и нов напад.

Главниот осомничен за самоубиствениот напад во Манчестер, во кој загинаа 22 лица е тивок млад студент, кој гледал со омраза кон умерен имам во градот, кој ја проповедал светоста на животот и ја криткувал Исламска држава, јави ДПА.

Началникот на полицијата ви Манчестер, Иан Хопкинс вчера посочи дека 22-годишниот Салман Абеди е главниот осомничен, но одби да изнесе детали за него, изјавувајќи дека главниот приоритет е да се утврди дали тој дејствувал сам или како дел од мрежа.

Претходно Хопкинс изјави дека напаѓачот загинал при активирање на експлозивната направа.

По разговори со пријатели и соседи на семејството Абеди во Манчестер, весникот „Фајненшл тајмс“ вчера објави дека тој бил член на „мошне религиозно семејство, кој се поврзал со криминални групи и изминатите години се обратил кон радикалниот ислам“.

Салман Абеди и брат му Исмаил го посетувале Исламскиот центар во Манчестер, каде нивниот татко бил мошне познат, објави вчера „Гардијан“.

Мохамед Саед, главен имам на џамијата изјави дека Абеди го гледал со омраза, откако изнел проповед, во кој упатил критика до ИД и либиската салафистичка исламска милиција Ансар ал Шарија.

Родителите на Абеди добиле азил во Велика Британија, откако избегале од режимот на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, јави вчера „Телеграф.“ Семејството има шест членови, Салман има двајца браќа и сестра. Тие живеат во Манчестер повеќе од десет години.

Би те интересирало и

И советничката за односи со јавноста го напушти Трамп

Советничката на Трамп за односи со јавноста, Омароса Маниголт Њуман, поднесе оставка. Според Белата куќа, ...

Бездомник исчезнал со 300.000 евра oд парискиот аеродром

„Совршено злосторство“ – вака француските медиуми го опишуваат случајот со бездомникот што исчезнал со 300.000 ...