Вели Мумин: Каде се парите што ги донирав за Домот „11 Октомври“?

Откако во јавноста се крена побуна против директорката на Домот за деца без родители „11 Октомври“, Ристенка Атанасова, по прикажаниот новинарски прилог на Кристијан Ландов, се огласи и боксерот Вели Мумин.

Тој на Фб го постави следното прашање, кое сепак не се однесува на споменатата директорка, но Мумин објаснува свое искуство со работењето на Домот.
– Пред 13 години спонзор ми беше една обложувалница и имаа игра во која успешни спортисти погодуваа четири натпревари и ако добијат пари, прашање беше што би правеле со парите! Играв за прв пат во животот и добив околу 80.000 денари, и ги донирав на Домот за деца без родители „11 Октомври“, а тоа беше покриено од еден медиум и весник. Трагичното беше што децата живееја во катастрофални услови без доктор, ужасна глетка. Но, кога се избаци Директорката со бунда од 5.000 евра можеби и повеќе, се ми беше јасно и се каам што ги донирав. Таа институција има најмногу донации, срам да им е на тие што ја воделе до сега, кај ќе им оди душата“, се прашува спорскиот шампион, боксерот Вели Мумин.
Неодговорното и нехумано работење на директорката на Домот, како и трговијата со детските чувства предизвика голем револт кај граѓаните, без оглед на нивната партиска, религиска, верска и политичка определба.

Превземено од: text.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Предизборен форум на З.Г Медиа Плус – Штип во мултимедијалниот центар на Канал 77

Во организација на З.Г. Медиа Плус-Штип, во мултимедијалниот центар Канал 77, се одржа предизборен форум ...

Во Кочани одбележан Светскиот ден без автомобили

Општина Кочани се вклучи во одбележувањето на Европската недела на мобилност која се одбележува под ...

Close