Велт: Пред очите на КФОР Арапите го исламизираат Косово

Дојче веле ги пренесува пишувањата на германскиот печат кои го анализираат влијанието на Саудиска Арабија и Турција на Балканот. Весникот „Велт“ пишува дека, тоа се случува пред очите на КФОР.

Весникот „Велт“, објави текст под наслов „Арапите ги финансираат исламистите на Балканот“, во кој се наведува дека мисионерските организации од Саудиска Арабија се активни на Косово и дека таму ја шират вехабиската интерпретација на исламот.

Севим Дагделен, пратеничка од редовите на Левицата предупредила дека пред очите на КФОР, Косово се развило во исламистички терористички центар во регионот.

„Скандалозно е тоа што благодарение на присуството на германските војници саудиските проповедници на насилството и омразата непречено можеле да ги постават идеолошките темели“, истакнала Дагделен.

„Од германската влада се бара реално да ја преставува ситуацијата на Косово и во јавноста да ги престави конкретните бројки во врска со регрутираните луѓе за исламските терористички мрежи, како што е Исламската држава на подрачјето на кое се наоѓа КФОР“, дополнила Дагделен.

Според сознанијата на германската влада, турскиот конфликт помеѓу владејачката АКП и движењето на Фетулах Гулен се пренесува и на балканските држави Босна и Херцеговина, Албанија, Македонија и Косово.

Дагделен е убедена дека на Косово, на подрачјето на кое делува КФОР, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, има одврзани раце за својата, како што вели неоосманлиска империјална политика и дека тој во исто време го користи своето влијание на Косово и во политички цели, пишува весникот „Велт“.

Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

ЕУ: рекордна казна за Гугл за манипулирање на резултати од пребарување

Повеќето интернет корисници пребарувањето го почнуваат на Гугл. Но често не добиваат соодветни резултати, веќе ...

Холандија соодговорна за смртта на 350 муслимани во Сребреница

Повеќе од 20 години по масакрот врз муслиманите во босанска Сребреница, холандски суд пресуди дека ...

Close