Венгер го доби посакуваното прво летно засилување

Арсенал за првпат после 20 години ќе мора да се соочи со реалноста да игра во европското натпрерварување кое е од втор ранг, но сепак тоа не беше доволна причина раководството на клубот од Северен Лондон да ја прекине соработката со Арсен Венгер кој минатата недела и официјално доби нов двегодишен договор.

Неколку дена по официјализиањето на новиот договор на Французинот, Арсенал излезе со ново соопштение за јавноста, а преку истото го претстави Сеад Колашинац како прво летно засилување.

– Сеад Колашинац ќе му се приклучи на тимот ова лето откако потпиша долгогодишен договор. Откако ќе бидат регулирани сите папирологии, дефанзивецот ќе ја стартува пресезоната со тимот во месец јули, – гласи соопштението на Арсенал со кое е потврден ангажманот на досегашниот лев бек на Шалке 04 кој како слободен играч пристигнува на „Емирејтс“.

Додади коментар

Би те интересирало и

ЕП фудбал У-21: Барди во идеалниот тим на групната фаза

Македонскиот репрезентативец Енис Барди, кој беше стрелец на два гола за Македонија на Европското првенство ...

Венегер подготвува изненадување – Купува напаѓач од Манчестер?

Арсен Венгер сака напаѓач, а смета дека напаѓачот на Манчестер Јунајтед би бил идеален за ...

Close