Вестбрук не признава шампиони! Кливленд поразен од Оклахома

Расел Вестбрук ја продолжи својата серија на „трипл-дабл“ ефекти оваа сезона, а настрада и шампионот Кливленд. Оклахома Сити Тандер го победи Кливленд со 118-109, а Вестбрук постигна 29 поени, 12 скока и 11 асистенции. Ова е негов вкупно 26. „трипл-дабл“ оваа сезона, со што рекордите паѓаат ли паѓаат.

Кај Кливленд, Ирвинг постигна 28 поени, а Леброн Џејмс беше под својот вообичаен просек со 18 поени и шут 8/19 од поле.

https://youtu.be/hHOdLi-N_e4

Вестбрук само ја најави својата величенствена форма пред гостувањето по два дена кај најуспешната екипа во лигата, Голден Стејт, тимот каде од оваа сезона игра неговиот пријател и доскорашен клупски другар Кевин Дурант.

Текстот е преземан од: ГолМК

Додади коментар

Би те интересирало и

Антиќ: За неколку дена ќе решам дали ќе играм за репрезентацијата

Македонската кошаркарска репрезентација ги започна подготовките за настап во претквалификациите за пласман на Светското првенство ...

Заврши првата фаза на ЕП за кошаркарки

На Европското првенство за кошаркарки кое се одржува во Чешка, заврши првата фаза, по која ...

Close