ВЕСТИ – Page 2 – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Последни вести

Столтенберг: Решавањето на проблемот со името клучно за членството во НАТО

По обраќањето во Собранието и неколкуте средби со министри и политички лидери, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го акцентираше решавањето на проблемот со името на прес конференцијата во Владата. Нема план Б. Спорот за името мора да се реши –  порача Столтенберг, според кој, ова е еден од условите ...

Повеќе »

Се сруши фасада од зграда во центарот на Куманово, едно лице повредено

Едно лице е повредено откако фасада од зградата лоцирана на кумановскиот плоштад се сруши денеска попладне врз шифачки дуќан лоциран во непосредна близина. Според првичните информации од терен, во моментот кога се срушил дел од фасадата во шивалната се наоѓале неколку лица, кои панично започнале да излегуваат од дуќанот. Сопственикот ...

Повеќе »

Столтенберг: Има место за уште знамиња пред седиштето на НАТО

Петнаесетина минути траеше денешното обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Собранието, од каде порача дека НАТО сака да ја види Македонија како просперитетна земја. Тој рече дека членството во НАТО зависи од решавањето на повеќе проблеми меѓу кои и проблемот со името, кој според него, не и’ ...

Повеќе »

Забрана за камиони на патот Лисец – Попова Шапка поради наноси од снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози на повисоките места, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. На пониските места коловозите се наместа влажни. Од АМСМ известуваат дека на патниот правец  с.Лисец – Попова Шапка од 11:40 часот е воведена ...

Повеќе »

Се разболе второобвинетиот во „Труст“ – судењето продолжува следната недела

Поради влошена здравствена состојба на второобвинетиот во предметот „Труст“, Василије Авровиќ, судијката го одложи денешното судско рочиште. Следното рочиште е закажано во вторник на 23 јануари. СЈО ги изведе пред судот сите докази, вклучително и бомбите, кои беа први аудиоматеријали пуштени во судницата. На ред се доказите на одбраната по ...

Повеќе »

Бугарското Собрание го ратификуваше Договорот за добрососедство и соработка со Македонија

Бугарскиот Парламент денеска го ратификуваше Договорот за добрососедство и соработка со Македонија, откако  тој доби едногласна поддршка од сите параламентарни партии на вчерашните седници на комисиите за надворешна политика и за европски прашања. Договорот го потпишаа премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов лани на 1 ав густ. ...

Повеќе »

Ветер до 70 километри на час во Скопско

Во скопското подрачје утринава дува ветер со брзина до 70 километри на час, а во штипско до 50 километри на час. Слаб снег провејува на планините. Најстудено утринава е во Лазарополе, Крушево и Маврово каде се измерени -6 степени, а најтопла е Гевгелија со пет степени и Дојран со четири ...

Повеќе »

Жан Митрев: Кога министрите го пиеја утринското кафе, јас ја почнував втората операција!

Во Македонија се’ уште нема државна кардиохиругија – на ова забележа кардиохирургот Жан Митрев во говорот во кој откри детали за својата кариера, а кој го одржа по повод членството во Европската академија на науките, уметностите и книжевностите. Континуирана дразба која на некој начин треба да се спречи – вака ...

Повеќе »

Пратеникот Љупчо Димовски ќе даде исказ за крвавиот четврток во Обвинителството

Пратеникот од Социјалистичката партија, Љупчо Димовски, денеска е поканет на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција да даде исказ за настаните од крвавиот четврток. Димовски е третиот пратеник кој како осомничен треба да објасни дали и какви дејствија преземал на 27 април 2017 година во Собранието. Нему судот ...

Повеќе »

Студено со засилен северозападен ветер

Времето денеска ќе биде студено со засилен северозападен ветер, а в петок суво и потопло со умерен ветер од југозападен правец. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно со повремени врнежи претежно од дожд.

Повеќе »

Жан Митрев редовен член во Европската академија на науките, уметностите и книжевностите

Кардиохирургот Жан Митрев денеска стана редовен член на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите. Сертификатот и официјално му го врачи претседателот на академијата, Жан-Патрик Конрад. „Во опкружување кое на прв поглед не е многу соодветно тој има создадено независна институција и тоа е извонредно и многу тешко дури и ...

Повеќе »

Тиквешките лозари со ново здружение ќе ги застапуваат своите интереси

Тиквешките лозари незадоволни од досегашните состојби во лозарството и заштита на нивните интереси одлучија да формираат ново здружение на лозари, за кое како што велат, ќе има за цел да ги застапува производителите на грозје при продажбата и исплатата на родот. Претседателот, Трајче Кулев од Кавадарци вели дека проблемите на ...

Повеќе »

Судот не му дозволи на Јохан Тарчуловски да го следи обраќањето на Столтенберг во Собранието

Судот не му дозволи на пратеникот Јохан Тарчуловски, кој се наоѓа во куќен притвор, да го следи утрешното обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Собранието. „Постапувајќи по барање на обвинетиот Ј.Т. да добие дозвола од судија на претходна постапка да се оддалечи од местото каде што ја ...

Повеќе »

МОН предвидува наставниот час за основците да трае 55 минути

Министерството за образование и наука предвидува за учениците од прво до петто одделение еден наставен час да трае 55 минути, во кој е вклучен и одмор во траење од 15 минути по секој наставен час. Наставникот одлучува кога ќе го даде одморот и како ќе го реализира. Се препорачува еден ...

Повеќе »

Судењето за „Таргет-Тврдина“ одложено за 27 март, со нов судија

За 27 март е одложено судењето за предметот „Таргет-Тврдина“, што се однесува за незаконското прислушување и за уништување на опремата од прислушувањето, пренесува МАкедонската информативна агенција. Во овој предмет обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор ...

Повеќе »
[cwa id='reklama-opstinakumanovo-i-radiocafe']