ВЕСТИ – Page 5 – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Последни вести

Во Бабино ќе биде одбележан Светскиот ден на книгата

Светскиот ден на книгата и авторското право денеска ќе биде одбележан во демирхисарското село Бабино. Оваа година, одбележувањето на Денот на книгата се совпаѓа и со Европската година на културното наследство, а Демир Хисар е прогласен за град на културата за 2018. Во програмскиот концепт на манифестацијата предвиден е долг ...

Повеќе »

Во Градскиот парк одбележување на Европската недела на имунизација

Министерството за здравство денеска во Градскиот парк организира забавно-едукативен настан по повод одбележувањето на Европската недела на имунизација. На настанот ќе учествуваат деца од повеќе градинки и училишта од Скопје, деца од хорот „Златно славејче“ и анимирани ликови. Најавено е обраќање на министерот за здравство Венко Филипче. Европската недела на имунизација ...

Повеќе »

Секуловски си замина од Пелистер

Тренерот Марјан Секуловски си замина од Пелистер, откако било постигнато спогодбено раскинување на договорот со клубот. Причините за неготовото заминување се уште не се знаат, а до крајот на сезоната тимот ќе го води еден од неговите помошници Неџат Хусеин. Промената на тренерската позиција за Пелистер се случува во една сложена ...

Повеќе »

Временска прогноза: Сончево со мала до умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од два до 13, а дневната од 18 до 24 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност со слаб до ...

Повеќе »

Туск доаѓа во Скопје следниот петок

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск ќе учествува на самитот Брдо-Бриони на 27 април во Скопје, потврдија од неговиот Кабинет. Туск заминува на балканска турнеја помеѓу 24 и 27 април, за време на која тој ќе ги посети Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, а ќе заврши во ...

Повеќе »

Лицата со попречености и нивните семејства се вратија спроти Собранието: Продолжува борбата за поголеми права

Една година граѓански активизам за инклузија на лицата со попречености во општеството. Децата со посебни потреби и нивните родители повторно поставија шатори спроти Собранието. Велат – напредок има, но борбата за права не престанува. Децата со попречености и нивните родители денеска повторно поставија шатори во паркот „Жена борец“ во Скопје, ...

Повеќе »

Фејзи Азири вратен во затворот во Штип

  Фејзи Азири, еден од обвинетите во случајот Монструм денеска  во 13:30 часот со полициско обезбедување е вратен во затворот во Штип, потврди за МИА директорот на затворот Мики Тодоров. Азири е вратен во затворот, каде треба да издржува затворска казна за недозволено поседување оружје. Тој се наоѓаше на Клиниката за ...

Повеќе »

Скопјанка се обидела да се самоубие со солна киселина

Педесет и четиригодишна скопјанка вчера се обидела да се самоубие. Настанот во полиција го пријавила нејзина соседка која изјавила дека жената што се заканува со самоубиство е заклучена во својот стан. Вратата од станот била насилно отворена од Противпожарна единица, по што било утврдено дека жената испила неодредена количина на ...

Повеќе »

Се’ почесто се регистрираат случаи на заразни заболувања во државата

Се’ почесто се регистрираат случаи на заразни заболувања во државата за кои постои вакцина. Во Тетово регистрирани се лица заболени од заразни зашки, мали сипаници а едно дете во месец февруари почина од заразно заболување.   Детето починало од заразно заболување стрептококен менингит. Според објавувањето на резултатите на центрите за ...

Повеќе »

Два нови превентивно-едукативни на проекти СВР Тетово

„Безбедно управување со мопед“ и „Не седнувај зад волан без положен возачки испит“. Ова се двата нови проекти на Секторот за внатрешни работи Тетово кои започна да ги реализира неделава. Во практичната имплементација на двата нови превентивно – едукативни проекти чиј носител е Отсекот за превенција, вкупно ќе бидат опфатени ...

Повеќе »

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода во Скопје

Дваесет и петгодишен велосипедист вчеравечер се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода која се случила на булевар Кочо Рацин во Скопје. До незгодата дошло, кога осумдесетгодишен скопјанец кој управувал со патничко моторно возило „Опел Астра“ удрил во велосипедистот. Тој, по незгодата е пренесен во Градска општа болница „Св. ...

Повеќе »

Неколкумина повредени во тепачка во Струмица

Неколку лица се здобиле со телесни повреди – ова е билансот од тепачката која се случила меѓу осуммина вчера во Струмицата. На тепачката и’ претходела вербална расправија, по што лицата  си размениле некоолку удари со боксови, столови и дрги предмети меѓу кои и секира. Тие биле раздвоени од полициски службеници. ...

Повеќе »

Следната среда нова средба на Димитров и Коѕијас со Нимиц во Виена

Следната седмица, на 25 април ќе се одржи нова средба во Виена на шефовите на дипломатите на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот Нимиц, објавија дел од грчките медиуми. Според информациите на дописничката на МИА од Атина, датумот се споменува во новинарските кругови во Грција, ...

Повеќе »

Ново рочиште за „Тенк“

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот на СЈО „Тенк“, што се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. Во „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. На претходното ...

Повеќе »

Ќе се отстрануваат малите сувенири од проектот „Скопје 2014“

Малите статуетки и илјадниците сувенири изработени според споменици и скулптури од проектот „Скопје 2014“ ќе бидат отстраните од музејските институции и од сувенирниците – ова го најави ресорниот министер, Роберт Алаѓозовски псочувајќи дека ваквата акција ќе биде добро обмислена. За проектот „Скопје 2014“ вели дека претставува вирус и за спомениците ...

Повеќе »
[cwa id='reklama-opstinakumanovo-i-radiocafe']