Ветер до 70 километри на час во Скопско – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Ветер до 70 километри на час во Скопско

Во скопското подрачје утринава дува ветер со брзина до 70 километри на час, а во штипско до 50 километри на час. Слаб снег провејува на планините.

Најстудено утринава е во Лазарополе, Крушево и Маврово каде се измерени -6 степени, а најтопла е Гевгелија со пет степени и Дојран со четири степени.

Снег има во Маврово, Претор и Тополчани по пет сантиметри, во Крушево и Охрид четири сантиметри, додека Крива Паланка, Ѓуриште и Битола имаат по два сантиметри снег. Висината на снежната покривка во Лазарополе е само еден сантиметар.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа има наврнато во Маврови Анови – 33 литри на метар квадратен, а најмалку во Гевгелија и Дојран само еден литар на метар квадратен.

Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен до засилен ветер од северозападен правец, повеќе изразен долж Повардарието и во источните делови на земјава. Максималната температура ќе достигне од 1 до 8 степени.

Во Скопје слично време со максимална температура до шест степени.

Утре ќе преовладува суво и потопло време со умерен ветер од југозападен правец, а за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи претежно од дожд.

Би те интересирало и

Владимир Ѓорчев не е повеќе координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ

По барање на пратеникот Владимир Ѓорчев кој што во овој изминат период ја објавуваше функцијата ...

Со неажуриран регистар во јавниот сектор, вработените нема да можат да добијат плата

Државните институции имаат рок од три месеци да ги внесат податоците за своите вработени во ...