Вечерва дуел на двајца титани, Буфон против Касиљас

Порто вечерва го пречекува Јувентус во натпревар од Лигата на шампионите а тоа значи нова средба на Икер Касиљас и Џиџи Буфон. Двајцата голмани се на залезот од своите кариери, но Касиљас и Буфон се уште важат за едни од најдобрите голмани на планетата – пишува порталот 24Фудбал.

Триесет и девегодишниот Буфон освои се’, освен Лигата на шампионите, два пати беше финалист вто 2003 и 2015, но го нема кренато големиот трофеј. Четири години помладиот Касиљас има освоено се’, вклучувајќи и три титули од Лигата на шампионите.

По променливата прва сезона во дресот на Порто, Икер Касиљас брани импресивно во својата втора година откако си замина од Реал Мадрид.

„Секој играч знае дека е потребно време да се привикнеш на нов град, ново опкружување и нов начин на живот. Се разбира дека кога ќе поминеш долго време на едно место каков што беше случајот со мене, промената е чудна. Па можеби не бев на нивото на кое сакав минатата сезона“ – вели Касиљас за UEFA.com.

„Не бев повикуван за шпанската репрезентација, па имав повеќе време да се фокусирам на мојот клуб. Ефектот е очигледен. Прво треба да се прилагодите на вашиот клуб, а потоа се може да се случи“.

Касиљас и Буфон постојано имале почит еден кон друг, таков е нивниот однос и овој пат. На твитер Касиљас му пиша на Буфон: „За мене ти си најдобар“. Италијанецот му одговори: „Јас нема да изберам. Ние сме најдобри“.

Што се однесува до меѓусбните дуели на двајцата голмани, осум пати се сретнале со своите репрезентации. Касиљас има подобар скор со три победи, Буфон има само една. На клупско ниво имаат по три победи, но Буфон три пати го елиминирал Касиљас во нокаут фазата.

„Имам среќа што сум четири години помлад од Џиџи. Имав 14 кога почнав, а тој имаше 18 тогаш. Можев да ги гледам неговите настапи, неговиот стил и личност. Како созревав се угледував на него а потоа и двајцата еволуиравме и мислам дека имаме слични кариера. Двајцата освоивме многу и често игравме еден против друг. Мислам дека италијанскиот фудбал нема да има друг голман како него“.

Сличностите помеѓу Касиљас и Буфон не се само на теренот. Двајцата голмани имаат жени кои се спортски новинарки.

Двајцата голмани имаат и ист број настапи за националните тимови, по 167.

 

Извор: www.24fudbal.com.mk

Би те интересирало и

УЕФА ги објави номинациите за тимот на годината

Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата официјална интернет-страница го објави списокот на фудбалери што се ...

Тевекио повеќе не е прв човек на италијанскиот фудбал

Карло Тевекио замина од функцијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија. Тевекио ја напушти функцијата ...