Вечерва се доделуваат оскарите – Мерил Стрип е една од водителките

Славната американска актерка, Мерил Стрип ќе биде еден од водителите на 89. доделување на престижната награда Оскар вечерва во Лос Анџелес.

Американската академија за филмски уметности и наука го соопшти списокот на водители на церемонијата меѓу кои е и Мерил Стрип. Актерката оваа година по 20. пат е номинирана за Оскар во категоријата најдобра актерка за улогата во филмот „Florens Foster Jenkins“.

Стрип на доделување на Златниот глобус го критикуваше Трамп, по што доби овации, а Трамп следниот ден изјави дека таа е преценета.

За улогата „Крамер против Крамер“, Мерил Стрип доби Оскар за најдобра актерка во споредна улога, а за улогите во филмовите „Изборот на Софија“ и „Челична дама“ е наградена за Оскар за главна улога.

Освен Мерил Стрип водители на Оскарот ќе бидат и Рајан Гослинг, Џенифер Анистон, Ворен Бити и Меј Дејмон. И сцената на Оскар 2017 вечерва ќе блеска во полн сјај. Таа ќе биде декорирана со 300.000 сваровски кристали.

За 89. издание на Оскарите дизајнерот Дерек Меклејн инспирација црпел од арт деко стилот и холивудскиот гламур од филмовите од 30-тите години.

Би те интересирало и

Полицијата во британски Глостшир им го забранува уличниот фудбал на децата

Полицијата во британскиот округ Глостшир ги повика граѓаните да пријават доколку забележат деца како играат ...

„Netflix“ вложува 8 милијарди долари во оригинални содржини

Нетфликс соопшти дека планира да инвестира осум милијарди долари за производство на сопствени содржини и ...