Вечер се дочекува Стара нова година – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Вечер се дочекува Стара нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, во народот позната уште како и Стара нова година, која почнува утре на Василица.

Во Македонија, Василица многумина ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј го слават и својот именден. Некои семејства, слично како и за време на бадниковата вечера, кршат погача со паричка. Се верува дека на оној што ќе му падне, му претстои среќна и исполнета година.

По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и дел од калуѓерите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Одбележани 112 години од раѓањето на етномузикологот Васил Хаџиманов

Васил Хаџиманов е еден од најголемите и најупорните македонски истражувачи од областа на етномузикологијата, мелографијата и ...

Фолк фест Валандово повторно ќе се одржува во мај

Со новите локални власти пристигнува и ново раководство на еден од најстарите фестивали во државата ...