Вештачки блокади од странските партнери за откуп на земјоделските производи

Во гајби се пакуваат по три сорти од договорен производ, нема ладилници за чување, овошјето се чува во несоодветни услпови, мора да имаме складишни капацитети и откупно-дисктрибутивни центри… ова се само дел од проблемите со откупот.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопштува дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки за непречен откуп, дистрибуција и  заштита на домашното производство.

Тим на министерството деновиве оствари средба со производителите, откупувачите од земјата и странство, независни земјоделски синдикати и здруженија, за да добиеме информации како се одвива откупот на градинарски производи од струмичкиот и тиквешкиот регион каде што во тек е бербата на праски, круши, кајсии, црешни вишни и друго.

Се заклучи дека голем број на регистрирани откупувачи кои имаат искуство со извоз, немаат стабилни партнери. Постојат вештачки блокади од странски партнери, за што причина е неусогласеноста на цената при откупот. Странските откупувачи се жалат дека во една гајба се пакува по три вида на сорти, а производите во отсуство на ладилници се чуваат во несоодветни услови.

Од средбите произлезе дека има потреба од подобро организирање на пазарот, подобра соработка помеѓу производителите и трговците, но и двете страни искажаа потреба од почеста и поблиска комуникација со министерството, особено во сезоната на откупот.

Едни од мерките кои што новата Влада ќе ги преземе е потикнување на складишни капацитети и откупно-дистрибутибни  центри со капацитет над  5.000 тони и поддржување на иницијативи од индивидуални земјоделски стопанства, задруги и здруженија за изградба на мали ладилници за чување на земјоделски производи со капацитет од 500 тони.

На овој начин земјоделците ќе ги одржат производите квалитетни и ќе можат да постигнат повисока откупна цена .

Истовремено Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со потсекторските групи веќе започна да работи на промената на политиките кои се покажале како непродуктивни.

Новата реформска Влада има план преку МЗШВ да спроведе сеопфатна програма за поддршка на сите чинители во секторот.

Дополнително се работи на создавање на подеднакви пазарни услови кои ќе важат за сите, и во еден таков фер пазарен однос ќе се воспостави и фер однос кон цената на чинење на земјоделски производи.

Во програмата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој посебен осврт ќе се даде на примарното производство, односно земјоделецот ќе биде во фокусот, соопшти МЗШВ.

Превземено од: МКД

Би те интересирало и

Германија ќе ги намали придонесите за пензиско осигурување

Германија планира следната година да ги намали придонесите за пензиско осигурување што ги собира од ...

Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити

Вкупното кредитирање на фирмите и на граѓаните во септември е намалено за 0,3 отсто, но ...