Вељаноски: Немам уставни можности да го свикам Собранието – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Вељаноски: Немам уставни можности да го свикам Собранието

trajko-veljanoski-cest

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски денеска повтори дека нема уставни можности да свика седница на распуштено Собрание.

„Ја следам ситуацијата во Македонија овие два дена. Запознат сум со случувањата и сите тие барања пред Собранието и за самото Собрание и би сакал да го повторам оној општ став познат што го имав досега искажано дека јас немам уставни можности да свикам седница на распуштено Собрание. Тоа е основото правило на еден уставен и правен поредок на која било држава вклучувајќи и ја и Република Македонија“, изјави Вељаноски, како одговор на прашањето за актуелната политичка состојба, кое му беше поставено денеска во Рим каде што ја предводи македонската делегација по повод чествувањето на свети Кирил.

Би те интересирало и

„Тврдокорните“ протестираа против Законот за јазиците

  „Тврдокорни“ , „Македонските обединети сили“ и уште неколку здруженија, денеска протестираа пред македонското собрание ...

Бачев ќе ги поништува документите за влез на Македонија во ЕУ и НАТО

„Народното движење за Македонија на денешниот конгрес, одлучи да се преимени во „Единствена Македонија“. Избрани ...