ВИДЕО: Летаа стапови во меѓусебна тепачка на струмички бостанџии во Прилеп – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

ВИДЕО: Летаа стапови во меѓусебна тепачка на струмички бостанџии во Прилеп

Низ социјалните мрежи се врти видео во кое продавачи на лубеници од струмичко се тепаат со стапови среде Прилеп.

Во тепачката учествувале повеќе лица во која нема потешко повредени лица. Според објавеното видео во инцидентот кој се случил на импровизиран пазар во Прилеп каде на камиони продаваат лубеници и друг зеленчук, жени и мажи се маваат со стапови. Засега не се знаат причините за тепачката но се дознава дека интервнериала и полицијата.

Неофицијално станува збор за земјоделци од струмичкотот село Баница кои се вообичаен декор по улиците низ повеќе градови каде со тешки моторни возила продаваат овошје и зеленчук. Деновиве цената на лубениците во струмичкос е движи од 3-5 денари за килограм и во желбата да се заработи повеќе, земјоделците се обидуваат своето производство директно да го продаваат во други градови во земјава.

Би те интересирало и

Соседка спречила киднапирање на дете со вила за сено

Четири непознати лица вчера се обиделе да киднапираат 14-годишно момче во село Палатица, соопшти МВР. ...

Денеска протест за жртвите од Смилковско Езеро

Граѓани денеска ќе протестираат за правда за жртвите од Смилковско  Езеро. Информацијата за настанот беше ...