Видео: Најголемиот авион во светот оштетен по пробниот лет – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Видео: Најголемиот авион во светот оштетен по пробниот лет

Најголемиот авион на светот, “Airlander 10”, бил оштетен кога за време на слетувањето по својот втор пробен лет паднал на нос, јавуваат денес британските медиуми.

Авионот долг 92 метри, кој е половина авион, а половина балон, бил оштетен по слетувањето на аеродромот Карингтон во Бедфордшир, пренесува Reuters.


Леталото вредно 25 милиони фунти претрпело оштетувања на кокпитот кога удрило во земјата денес во околу 13 часот. Никој од членовите на екипажот не бил повреден.

Портпаролот на компанијата “HAV”, која го развила тој авион, изјавил: “Летот мина многу добро, а единствениот проблем се случи по слетувањето”.

Превземено од: точка

Би те интересирало и

Уролог породи жена за време на лет од Париз до Њујорк

Откако екипажот на авионот побарал помош од лекар, Хемал сфатил дека би можел да ѝ ...

Фотографија на денот: Домашното срнче Бамби

Срнчето Бамби расте заедно со уште две кучиња во куќата на Ања Пален и Петер ...