ВИДЕО: Шаповалов казнет со 7.000 долари за удирањето на главниот судија со топче!

Меѓународната тениска федерација не остана имун на глупоста на младиот Денис Шаповалов и синоќа му изрече казна од 7.000 долари.

17-годишниот канадскиот тенисер во одлучувачкиот меч од Дејвис Куп дуелот меѓу Канада и Велика Британија направи несфатлива грешка, откако со топчето го удри главниот судија Арон Габас, па мечот беше прекинат и победата им беше доделена на Британците.

„Ова е неприфатливо однесување од моја страна. Не знаете колку се срамам на овој потег. Се чувствувам ужасно, бидејќи го изневерив мојот тим и мојата земја. Ветувам дека ова ќе биде последната моја глупост на тенискиот терен“, по казната изјави Шаповалов.

Велика Британија со оваа победа се пласира во четвртфиналето каде ќе се соочи со селекцијата на Франција, додека Канада во септември ќе се бори за опстанок во Светската група.

 


Би те интересирало и

Пад на ранкингот на македонските тенисери: Јотовски за четири, Ѓорческа за 27 места

Најдобрите македонски тенисери, Томислав Јотовски и Лина Ѓорческа бележат пад на новите ранг листи објавени ...

Титула број 94 за Роџер Федерер

Во нивниот четврти меч во 2017 и 38. во кариерата Роџер Федерер по петтипат едноподруго ...