Виена: Македонец, пица-мајстор осомничен за 17 сексуални напади – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Виена: Македонец, пица-мајстор осомничен за 17 сексуални напади

makedonec-viena

Македонски државјанин, кој работел како пица-мајстор во Виена, Австрија, е осомничен за најмалку 17 сексуални напади на жени во овој град – пишува весникот „Дневник“.

Осомничениот се соочува со обвинение за своите дела, но се уште не е познато дали тој ќе биде обвинет само за 17 напади, бидејќи по објавувањето на неговите фотографии се зголемил бројот на жени што го препознале. Освен за силувања, тој се товари и за други сексуални напади, но и за разбојништва.

Според податоците на виенската полиција, станува збор за дваесет и двегодишниот  И.Ј., кој своите жртви ги наоѓал во областите Донауштад и Леополштад во главниот град на Австрија. Насилникот бил уапсен во средината на февруари годинава, благодарение на сведочењето на жртвите кои го препознале силувачот од снимките на безбедносните камери во градските автобуси и на улиците на Виена, а на кои во критичното време бил фатен и нашинецот.

Инаку, нашинецот бил уапсен во декември лани, а во јавноста бил познат како „лижачот“ бидејќи жените што ги напаѓал ги бакнувал и им го лижел лицето. Тој се соочува со обвинение за најмалку 50 напади врз жени, од кои најголем број ги допирал по телото, но најмалку две од нив силувал.

Би те интересирало и

Обвинителството го расветлува синоќешното убиство во Чаир

Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Скопје го расветлува синоќешното убиство на жената во населбата Чаир. ...

Жена прободена со нож починала на пат кон болница

Жена од Тетово синоќа починала на патот кон болница, откако била повредена со нож во ...