Викендов нови преговори за составот на новата Влада

Вчера речиси два ипол часа зад затворени врати, лидерот на СДСМ, Зоран Заев и неговиот коалицски партнер , претседателот на ДУИ, Али Ахмети се договораа за програмата на владата, поделба на ресорите и министeрските места – шишува порталот Макфакс.

Од состанокот на Бихаќка, седиштето на СДСМ, по средбата информираа дека се разговарало само за принципи и приоритети. Ресорите и имињата на идните министри ќе се договарале во наредниот период. Од СДСМ се оптимисти дека новата влада ќе биде формирана до крајот на неделава. Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов по разговорите на Заев и Ахмети изјави дека идната влада ќе работи согласно потребите на граѓаните. Шилгов посочи дека двајцата лидери не разговарале за распределба на министерски фотелји, бидејќи тоа  во моментов не е важно прашање.

„Теми на средбата беа принципите на соработка, реформската Влада и ЕУ и НАТО интеграциите.Во наредниот период ќе се интензивираат динамиката и разговорите помеѓу двете партии, вклучително и со партиите што дадоа поддршка за состав на новата Влада на Р.Македонија, по што ќе се премине на конкретните решенија за ресорните министерства.“

Со Беса и со Алијансата за Албанците состанок се очекува Заев да има викендов. Села, според информациите, се враќа вечерва во државата. Паралелно со преговорите за новиот состав се пегла и програмата на новата Влада за која што од СДСМ велат дека веќе е промовирана, што значи мандатарот очекува зад неа да застанат и од ДУИ, БЕСА И Алијансата.

 

Извор: www.makfax.com.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Продолжена кризната состојба на јужната и на северната граница

Собранието денеска изгласа продолжување на кризната состојба на јужната и на северната граница поради зголемен ...

Во Македонска Каменица се одбележа една од најкрвавите битки во Втората балканска војна

Во рамките на 104-та годишнина од Брегалничката битка кај месноста Говедар кај каменичкото село Долна ...

Close