Викендов почнува првата офроуд авантура, која ќе се вози од Охрид до Илинска Планина

350 учесници од повеќе европски држави, 200 теренски Оф роад возила, 40 крос мотори и 20 четириточкаши ќе бидат дел од  првата Оф Роуд“ авантура која викендов ќе почне Охрид, а ќе се одвива по пределите на Илинска планина.Настанот ке во организација на здружението „Off Road Ohrid“.

Александар Илоски од ова Здружение вели дека програмата предвидува дводневно патување, а целта е претставување и промовирање на природните убавини и традиционалните производи на Охридскиот регион.

Во Охрид пак денес пристигнаа повеќе од 150Моторџии од клубот „Ноќни волци“ од повеќе словенски земји. Тие се дел од проектот Славјански свет кој ќе трае 20 дена. Во моторџискиот марш учествуваа моторџии од клубови од Русија, Бугарија, Словачка, Бугарија, Србија Република Српска, Македонија и ќе поминат вкупно  3500 км.

Би те интересирало и

УХМР: Нестабилно со пороен дожд во Гевгелиско и над Скопска Црна Гора

Поголема нестабилна воздушна маса проследена со интензивен пороен дожд и грмежи во моментов има во ...

Делови од Скопје утре без струја

Од 8:30 до 15 часот утре без струја  ќе бидат дел од корисниците од улицата ...