Викенд Медиа Фестивал во Хрватска ја носи „Туро“– водечката „peer-to-peer“ апликација за споделување на автомобили

За својот десети роденден Викенд Медиа Фестивал ќе биде домаќин на „Туро“ (Turo), водечка компанија во светот за peer-to-peer споделување на автомобили. За да го обележи овој настан, „Туро“ преку еднократна промоција ќе ги понуди своите услуги во Хрватска за време на Викенд Медиа Фестивалот.

„Туро“ е основана во 2009 година во Сан Франциско и е една од успешните стартап компании во САД, која се базира на принципот на економијата на споделување. Сопствениците на автомобили преку платформа можат многу лесно да го дадат под наем својот автомобил во периодот кога истиот не го користат и на тој начин да заработат, а секој со само еден клик на апликацијата може да изнајми автомобил за своите потреби. Бизнис моделот е едноставен: бескорисно е да имате автомобил кој всушност стои паркиран во поголемиот дел од времето, а на овој начин автомобилот сам себе се исплаќа.  Оваа платформа се користи во преку 4.700 градови во Северна Америка, Канада и Велика Британија, прераснувајќи во заедница која брои преку три милиони членови. Секој член просечно заработува 534 долари месечно, што е повеќе од доволно за покривање на месечните прошоци за автомобилот.

„Возбудени сме за гостувањето на Викенд Медиа Фестивал, изјави Метјус Риолфи (Matheus Riolfi), директор за Меѓународна соработка во „Туро“.

„Се радуваме на можноста да им претставиме на учесниците на фестивалот барем дел од она што го прави ‘ Туро’ посебен, како за сопствениците на автомобилите, така и за патниците.“

Десетиот Викенд Медиа Фестивал оваа година ќе се одржи од 21. до 24. Септември во просториите на старата Фабрика за тутун во Ровињ, под покровителство на Адрис групацијата. Во првата декада Викенд Медиа Фестивал беше домаќин на 45.000 учесници: 1000 говорници, 35.000 медиуми, маркетинг и ПР професионалци, 3.500 студенти и 5.000 акредитирани новинари од целиот регион. Викенд Медиа Фестивал е најголем фестивал за комуникации во југоисточна Европа, а е прв кој ги објави некои од најдобрите трендови како што се мобилно рекламирање,  “native“ огласување, дигитализација, програматика и блокчеин.

Викенд Медиа Фестивал не е резервиран само за предавања и дискусии, туку и место за забава и вмрежување кое оваа година ќе биде подигнато на ново повисоко ниво. Внимателно осмислената музичка програма отсекогаш била најсилниот адут на фестивалот, а оваа година ќе има и изненадувања прилагодени на големиот јубилеј.

Додади коментар

Би те интересирало и

Шешељ: Не се враќам доброволно во Хаг

Воислав Шешељ рече дека на повикот од Хашкиот трибунал да присуствува во завршните зборови во ...

Судири меѓу атинската полиција и група учесници во протестен марш

Во Атина избија помали судири меѓу грчката полиција и група млади учесници во протестен марш, ...

Close