Винаријата „Сковин“ наградена на саемот„BeoWine Fair“во Белград – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Винаријата „Сковин“ наградена на саемот„BeoWine Fair“во Белград

Со две сребрени награди се закити винаријата „Сковин“ на меѓународниот саем за вина „BeoWine Fair“во Белград.

Наградените вина доаѓаат од Finest Selection, нивната најпосакувана линија на вина која освен светските ги освојува и регионалните пазари. Наградените вина се „Темјаника“ (берба 2016) и „Сира Каберне Барик“ (берба 2012).

„Темјаника“, виното кое поседува комплексни овошни ароми, како и ароми на бозел, босилек и темјан, е едно од најнаградувани вина на „Сковин“. На вкус е овошно, свежо и хармонично, со богат екстракт.

„Сира Каберне Барик“ е квалитетно суво црвено вино, куве од сортите сира и каберне совињон. Структурата на каберне и богатството на овошната и зачинската арома на сира, го прават ова вино исклучително богато, питко и вистинско искушение за сите љубители на вино.

Инаку „BeoWine Fair“ е еден од најпрестижните саеми за вина на Балканот, каде  учествуваат најугледните домашни и регионални производители на вино.

Би те интересирало и

Денеска започнува манифестацијата „Снежен град“ на Попова Шапка

Традиционалната детска манифестација „Снежен град“ почнува денеска на Попова Шапка во организација на Детскиот културен ...

Прилепскиот театар подготвува втор дел на култната детска претстава ,,Волшебникот од Оз“-,,Враќањето на Дороти“

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“  интензивно ја подготвува првата премиера во новата 2018-тта година и тоа ...