Вклучување на жени од немнозински заедници на пазарот на трудот

Подигнување на капацитетот за вработување на жените од немнозинските заедници, нивна мотивација и информираност, со цел тие поактивно да бараат работа на пазарот на трудот. Ова се целите на проектот Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот. Активностите на проектот започнаа од јануари 2016 години а ќе завршат месецов. Преку проектот 54 девојки посетија стручни верификациони курсеви за унапредување на нивните можности од повеќе области, изјави Драган Периќ кој го води овој проект.

– За време на 14 –те месеци од спроведувањето на прокетот, 91 жена од немнозинските заедници во Тетово и тетовско на различен начин преку разни активности, курсеви и тренинзи беа вклучени во прокетот.-15 жени на овој начин најдоа постојано запослување а преку мотивационите состаноци 35 од останатите ја сменија својата позиција од пасивни во активни баратели на работа. Три жени користат од активните мерки за вработување додека две од нив конкурираа за добивање на грант за сановработување така што овие резултати покажуваат дека тренинг програмата и планот за работа изработен на почетокот од активностите дава резултати рече Периќ

Освен во Тетово проектот „Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот“ се спроведува и во Скопје, Куманово, Штип и Битола.

Проектот се спроведува во организација на женската граѓанска иницијатива АНТИКО во соработка со организација Срекен живот од Тетово. Проектот е финасиски подржан од Европската Унија,а менаџиран од страна на Секторот за централно финансирање и потпишување договори.

 

Додади коментар

Би те интересирало и

Платформа за бесплатно сместување во Скопје за УЕФА Суперкупот

Огромниот пораст на цените за сместување во хотелите во Скопје, но и во Македонија поради ...

Aпелација ги објави одлуките: Груевски не може да бега со лична карта

Апелациониот суд ги објави одлуките за одбивањето на мерките притвор за обвинетите во „Титаник“, меѓу ...

Close