Владата го прифатила усогласениот текст за договорот со Бугарија

Владата доцна синоќа на посебна владина седница го прифати усогласениот текст на договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија. Притоа е донесена одлука премиерот Зоран Заев да биде тој што ќе стави потпис на документот. За деталите од договорот од Владата најавија дека ќе дадат дополнителни информации.

Договорот со Бугарија деновиве е предмет на жестоки напади од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која изминативе години, додека беше на власт, го блокира со барања што излегуваа од рамките на тоа што експремиерот Љубчо Георгиевски веќе го потпиша одамна решавајќи го најжешкото прашање – спорот за јазикот, со формулацијата „официјален јазик, според Уставот“ на земјата.

ВМРО-ДПМНЕ деновиве инсистира на неколку услови за да застане зад договорот кој ѝ е неопходен на Македонија за да го спречи бугарското вето во НАТО и во ЕУ. Ним им смета што договорот од декларација ќе стане меѓудржавен документ (што не треба да биде спорно ако искрено се сака да се оствари тоа што се потпишува), бараат реципроцитет во обврските на Бугарија и Македонија и бараат јазикот да биде само македонски, без да се спомене Уставот за да се тргне оградата од признавањето, иако јазици во светот никој не признава. Исто така, реакции предизвика и најавата за заедничко славење на историјата и за корегирање на учебниците. На ваквите реакции од ВМРО-ДПМНЕ реагираа и од Бугарија објавувајќи ги носителите на бугарски пасоши од редовите на оваа партија кои сега ревносно се противат на договорот, квалификувајќи го како национално предавство.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Предизборен форум на З.Г Медиа Плус – Штип во мултимедијалниот центар на Канал 77

Во организација на З.Г. Медиа Плус-Штип, во мултимедијалниот центар Канал 77, се одржа предизборен форум ...

Во Кочани одбележан Светскиот ден без автомобили

Општина Кочани се вклучи во одбележувањето на Европската недела на мобилност која се одбележува под ...

Close