Владата го решава статусот на стечајците – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Владата го решава статусот на стечајците

Околу 400.000 евра месечно ќе бидат издвоени од државниот Буџет за исплата на обештетувањата за стечајните работници од Република Македонија, ова денеска го најавија министерката за труд и социајална политика Мила Царовска и советникот во Министерството за финансии Бранимир Јовановиќ на средбата со стечајците во Куманово.

Изготвени се и нацрт – планови за решавање на статусот на оваа категорија граѓани, но, се јавува мал проблем со оние кои откако останале технолошки вишок работеле во приватни компании. Царовска истакна дека претходно била остварена средба на која биле разгледани детално барањата на стечајците.

-Треба да утврдиме колкав период од стажот поминат кај приватни ќе биде вклучен во овој закон или не, многу убава дискусија имавме денеска поразговаравме за сите опции тие имаат широки барања, некои по 7-8 години кои работеле во приванти компании, но заедно со министерот за финансии ќе седнеме, ќе направиме проценки и ќе ја информираме Владата и ќе донесеме конечен став – вели Царовска.

Бранимир Јовановиќ изјави дека пари за оваа намена се предвидени веќе со ребалансот и ќе започне исплатата веќе до крајот на оваа година.

-Нашите проценки се, во тие пресметки што ги правевме, дека станува збор за околу 3.000 лица и тие би ја зимале помошта што и сега им се исплаќа на лицата што изнесува околу 7.600 денари нето, за што се потребни околу

23 милиони денари месечно, значи тоа се околу 400.000 евра месечно, така да тие средства веќе ги планираме за Буџетот за оваа година – вели Бранимир Јовановиќ, советник во Министерството за финансии.

Би те интересирало и

Пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица

Граѓаните веќе може да сообраќаат на автопатската делница Демир Капија – Смоквица, која претставува последен ...

Првичен сликовен приказ на првите полимерни банкноти на Република Македонија

НБРМ го претстави на јавноста првичниот сликовен приказ на првите полимерни банкноти на Република Македонија, ...