Владата и синдикатот на „Еурокомпозит“ се договорија – плата в понеделник – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Владата и синдикатот на „Еурокомпозит“ се договорија – плата в понеделник

Синдикатот на „Еурокомпозит“ денеска го прекина штрајкот и протестот пред Владата по постигнатиот договор со премиерот, Зоран Заев.

Доцна синоќа Владата постигна договор со вработените од Еурокомпозит – изјави денес владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.

-Наредниот понеделник линеарно на сите вработени во прилепски „Еурокомпозит“ ќе им биде исплатено плата.  Сите вработени преземаа обврски дека цела заостаната, тековна и секоја идна работа која пристига во фабриката ќе биде одработена со цел да се обезбедат редовни приливи на средстваа во период од 3 месеци кога Владата интензивно работи на процес на изноаѓање на трајно решение на оваа ситуација. Постигнавме договор на взаемна согласност и исто така една од работите кои вработените бараа промена на менаџерскиот тим во „Еурокомпозит“, што е веќе направено пред две недели – додаде Бошњаковски.

Претседателот  на синдикалната организација, Роберт Богданоски истакна дека спорно било кога да се исплати платата. Вчера имале две средби со премиерот, а по втората, синоќешна постигнат бил  договор плата да добијат најдоцна до понеделник. Богданоски истакна дека ако тоа не се случи  пак ќе излезеле на протести.

Се согласиле  на предлогот во рок од три месеци да тече постапката за решавање на состојбата со фабриката, да се распише и да се објави тендер за да се пријават стратегиски партнери зашто имало три-четири заинтересирани компании, а во меѓувреме да се подготви пакет за технолошки вишок на 100 до 120 вработени. Богданоски потенцира дека добиле цврсто ветување од премиерот, Заев побарувањата што ги имаат вработените за неисплатените заостанати 17  плати и неплатени придонеси од 2012 година да влезат во побарувањата од стратегискиот инвеститор.

Инаку, напоредно со преговорите околу социјалните прашања на работниците и статусот на компанијата, „Еурокомпозит“  денес го посети 15 члена турска делегација составена од претставници на повеќе турски компании од воената индустрија, кои  ја скенираат состојбата на компанијата бидејќи пројавиле интерес за инвестирање во прилепскиот загубар од наменската индустрија.

Детали за посетата и разговорите не се објавуваат.

 

Петар Димоски

Би те интересирало и

ВМРО-ДПМНЕ: Дуото Тевдовски-Анѓушев конечно признаа дека се неспособни да ја водат економијата на државата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ попладнево со писмено соопштение реагираше на денешните изјави на вицепремиерот, ёКочо Анѓушев и ...

Анѓушев и Тевдовски оптимисти дека ќе се реализираат капиталните инвестиции

  Со изградба на крупни инсфраструктурни проекти и одржливост на јавниост долг до зголемена ефикасност ...