Владата нема став за предложените измени на Законот за заштита од пушење

Владата нема став за измените на Законот за пушење, кој шестмина пратеници го доставија до Собранието.  Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски денеска не откри дали при вчерашната расправа за овие законски измени, некои од министрите биле за односно против.

Предлог законот за пушење е една од точките по кои вчера се расправаше на 32 –та владина седница, но оттаму немаат официјален став.

Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски денеска рече дека имаат право на тоа:

„Владата нема мислење по Предлог законот, истиот е вратен до Собранието за понатамошна процедура.

Инаку, овие законски измени до Собранието летово беа поднесени од шестмина пратеници, меѓу кои и пратеничката Ивана Туфегџиќ.

Во изјава за Канал 77 таа објасни дека предлагаат угостителите  да определат посебна просторија за пушачи, а сите останати делови јасно да ги означат како забранети за пушење цигари.

„Ако погледнете во терасите, кои како што стои, треба да имаат 3 отворени страни, кога ќе стават угостителските објекти зимно време, фолии при метереолошка промена (како дожд, ветер или снег) во тој случај тоа се интерпретира како затворен објект. Затоа, се вели, дозволено е пушење исклучиво надвор од објектот. Значи, Законот повторно не дозволува пушење во затворен објект, но на терасите или оние делови што се направени вон објектите, како што се и бавчите,  доколку стават фолии тоа нема да се смета за затворен објект“.

На вчерашната владина седница која траела околу пет часа, исто така е усвоена и информација за постапување по обраќањата и препораките на Народниот правобранител упатени до Владата на Република Македонија. Владата ги задолжи сите ресорни институции да ги применуваат и да постапат по барањата, укажувањата и препораките упатени до нив од Народниот правобранител.

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...