Владата ја одржа првата седница: Формирани се работните тела, министрите се обврзаа на ефикасна работа посветена на граѓанските и државните интереси

Владата на Република Македонија ја денеска ја одржа првата седница. На седницата е изразена заедничка согласност за посветена и ефикасна работа на членовите на Владата, во интерес на потребите на граѓаните и на државните интереси на Република Македонија, низ добра соработка и меѓусебно почитување.

На денешната седница, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев определи петмина заменици, и тоа:

-Радмила Шекеринска Јанковска, за заменичка на претседателот на Владата и министерка за одбрана

-Оливер Спасовски, за заменик на претседателот на Владата и министер за внатрешни работи

-Бујар Османи, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања

-Кочо Анѓушев, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори

-Хазби Лика, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем.

Од редот на министрите без ресор, претседателот на Владата ги определи:

-Роберт Поповски, министер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност

-Едмонд Адеми, министер без ресор задолжен за дијаспора

-Андан Ќахил, министер без ресор задолжен за странски инвестиции

-Самка Ибраимовски, министер без ресор, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија

-Зоран Шапуриќ, министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија

-Зорица Апостоловска, министерка без ресор задолжена за странски инвестиции

-Рамиз Мерко, министер без ресор задолжен за странски инвестиции.

На денешната владина седница за генерален секретар на Владата на Република Македонија е именуван Драги Рашковски.

На седницата на Владата на Република Македонија формирани се основните комисии на Владата и тоа:

-Комисијата за економски систем и тековна економска политика

-Комисијата за политички систем

-Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој.

На владината седница се формирани и посебните комисии на Владата, и тоа:

-Комисијата за именување

-Комисијата за станбени прашања

-Комисијата за приватизација.

На седницата на Владата е формиран и Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, чијшто раководител е Оливер Спасовски, заменик на претседателот на Владата и министер за внатрешни работи.

Би те интересирало и

Новиот мост на Пена може да предизвика поплави

Дел од експертската јавност и граѓаните се сомневаат дека новиот мост на река Пена кој ...

В четврток ново рочиште за Труст

В четврток е закажано ново рочиште за случајот Труст на Специјалното јавно обвинителство, кога треба ...