Владика Петар: Бев приведен и испрашуван на aеродром, но ми се извинија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Владика Петар: Бев приведен и испрашуван на aеродром, но ми се извинија

Ангажирав бранител и јас многу нема да објаснувам за случајот на aеродромот. Не патував за Австралија туку на друго место, изјави владиката Петар одговарајќи на новинарско прашање да го објасни завчерашниот случај на аеродромот во Скопје кога беше приведен и испрашуван од финансиската полиција. Владиката Петар денеска служеше света литургија на манастирот „Свети Архангел Михаил“ во Варош во Прилеп по повод празникот Источен петок- Балаклија.

– Адвокатот Љубомир Михајловски-Џанго го ангажирав бидејќи бев приведен, лишен од слобода и испрашуван. Јасно им реков дека имам свој адвокат и без него нема да кажам ниту збор. Мојот адвокат им покажа и им докажа дека направиле грешка во својата постапка и дека тоа не смееле да го направат, а тие се извинија, рече владиката Петар.

На новинарското прашање дека тоа го спречило да патува во Австралија, владиката Петар изјави дека не патувал на овој континент.

 

 

Би те интересирало и

Кривична пријава против поранешниот директор на ЈП “Исар” од Штип

Секторот за внатрешни работи Штип до надлежното ОЈО, за два одвоени случаи, поднесе кривични пријави ...

Одложено рочиштето на Монструм: Родителите бараат претрес во седиштето на СДСМ

Се одложи денешното рочиште за Монструм, предметот кој неодамна го презеде Специјалното јавно обвинителство. Иако ...