Владина делегација во посета на Брисел – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Владина делегација во посета на Брисел

Владина делегација предводена од вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска ќе престојува во еднодневна посета на Брисел.

Во составот на владината делегација се и министерот за правда Билен Саљији и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Во рамки на посетата, вицепремиерот Османи заедно со директорката за Западен Балкан во Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Геновева Руиз Калавера ќе копретседаваат со 14-тиот состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација.

„Состанокот претставува важна компонента на евроинтегративниот процес на Република Македонија, каде ќе се дискутира за новиот европски импулс, акциониот план за спроведување на итните реформски приоритети, отворените политички прашања и сѐ она на што Владата веќе се обврза да го адресира при бројните средби со претставниците на Европската унија“, велат од Секретаријатот за европски прашања.

Владината делегација ќе оствари средба и со генералниот директор на Генералниот Директорат за проширување и соседска политика, Кристијан Даниелсон од кого ќе биде побарано, согласно успешноста при имплементацијата на преземените обврски, поддршка која би водела кон конкретни чекори од страна на Европската унија.

Од СЕП оценуваат дека учеството на вицепремиерот Османи и министрите Саљији и Манчевски доаѓа во период на интензивна европска агенда на Владата, што кореспондира со силната посветеност и преземените обврски за забрзување на евроинтегративните процеси на Македонија.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Столтенберг: Решавањето на проблемот со името клучно за членството во НАТО

По обраќањето во Собранието и неколкуте средби со министри и политички лидери, генералниот секретар на ...

Столтенберг: Има место за уште знамиња пред седиштето на НАТО

Петнаесетина минути траеше денешното обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Собранието, од ...