ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе кандидатските листи, СДСМ, ДУИ и ДПА не одат на избори – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе кандидатските листи, СДСМ, ДУИ и ДПА не одат на избори

346635-dik-kje-pravi-proverki-na-podatoci

Коалицијата „За подобра Македонија”, предводена од ВМРО-ДПМНЕ вчера половина час пред полноќ до Државната изборна комисија (ДИК) ги поднесе кандидатските листи за пратеници за предвремените парламентарни избори кои се закажани за 5.јуни.

Само ВМРО-ДПМНЕ од четири најголеми политички партии во државата, кои го потпишаа договорот во Пржино, поднесе кандидатски листи до ДИК, а останатите СДСМ, ДУИ и ДПА не го сторија тоа. Покрај ВМРО-ДПМНЕ, листи со кандидати до ДИК поднесе уште само Народното движење за Македонија на Канко Бачев.

Носител на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица (ИЕ) е претседателот на партијата, Никол Груевски, во втората ИЕ актуелниот министер за надворешни работи Никола Попоски, во третата ИЕ координаторот на пратеничката група Илија Димовски, во четврттата ИЕ министерот за здравство Никола Тодоров, во петтата Антонио Милошоски и во шесттата ИЕ Влатко Ѓорчев.

Би те интересирало и

„Тврдокорните“ протестираа против Законот за јазиците

  „Тврдокорни“ , „Македонските обединети сили“ и уште неколку здруженија, денеска протестираа пред македонското собрание ...

Бачев ќе ги поништува документите за влез на Македонија во ЕУ и НАТО

„Народното движење за Македонија на денешниот конгрес, одлучи да се преимени во „Единствена Македонија“. Избрани ...