ВМРО-ДПМНЕ: „Животот дојде ама не за сите“ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

ВМРО-ДПМНЕ: „Животот дојде ама не за сите“

ОК на ВМРО ДПМНЕ од Кавадарци на прес обвинува за мобинг врз нивните членови од страна на актуелната власт и понудија правна помош за секој обесправен. Од СДСМ пак им порачаа дека тие се најмалку компетентни да зборуваат за тоа, кога додека биле на власт за нив важело една партиска книшка – едно вработување.

„Изминува осмиот месец од оваа ненародна и корумпирана власт, а за ова време не видовме ништо добро освен остварување на лични интереси и реваншизам врз членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ. Животот дојде ама не за сите“, вака порача на прес конференција Стефанија Чадамов  од ОК на ВМРО ДПМНЕ Кавадарци.

Од таму ветуваат бесплатна правна помош на сите вработени кои се соочуваат со мобинг на своите работни места од актуелната власт а за таа цел веќе бил формиран правен тим. На прес конференцијата беа изнесени бројни обвинувања на адреса на власта предводена од СДСМ и коалицијата.

Со писмена реакција се јавија и од СДСМ Кавадарци, од каде велат дека прес конференциите на нивниот политички опонент изгледале како соопштенија на политичка партија којашто изминативе десет години била во опозиција, а не на власт, а обвинувањата дека имало партизирање на јавната администрација, спред нив се смешни и неточни.

„Истото тоа ВМРО- ДПМНЕ кое сега обвинува за партизирање, го дуплираше бројот на вработени во јавната администрација, и тоа по нивниот познат критериум. Една партиска книшка, едно вработување и откако ја пренатрупаа со нивен партиски кадар, кој подоцна го уценуваа со појавување на контра протест и наоѓање на 15 сигурни гласачи, сега тие истите обвинуваат за партизираноста која што сами ја направија“, прашаа кавадаречките социјалдемократи.

 

Билјана Тошевски

Би те интересирало и

Се воведува државна награда за Денот на албанската азбука

Се воведува државна награда за Денот на албанската азбука – 22 ноември. Ова го предвидуваат ...

Прифатени измените на Изборниот законик, ќе се бира привремен состав на ДИК

Собранието денеска во продолжение на 46. седница го донесе Предлог на закон за изменување на ...