ВМРО ДПМНЕ: Зоран Заев е очаен и има патолошка потреба за власт – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

ВМРО ДПМНЕ: Зоран Заев е очаен и има патолошка потреба за власт

Нови препукувања со соопштенија меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш повторува дека коалициските партнери на Заев од Алијансата за Албанците, кои како мираз му ја носат Тиранската платформа, вчера уште еднаш потврдија дека не им е битен државниот интерес туку националното прашање на Албанците – се вели во денешното соопштение.

-Поголема потврда од тоа дека од Алијансата за Албанците ќе коалицираат заради исполнување на барањата од Тиранската платформа со СДС, а не за некакoв ‘граѓански концепт’ кој Заев ни го продава нема. Зоран Заев е очаен и има патолошка потреба за власт. Заев во власта гледа единствена надеж за спас и амнестија од сите криминали кои ги има сторено тој и неговата криминогена врхушка во врвот на СДС. Заев не излезе и не го осуди својот иден коалиционен партнер кој албанските национални интереси ги става над интересите на Република Македонија, исто како што не собра храброст да ги осуди и Зијадин Села, Еди Рама и Дитмир Бушати. Заев не смее да осуди ниту една антидржавна изјава која доаѓа од неговите официјални партнери кои му ги дадоа потписите за реализација на Тиранската платформа. Заев е заробеник на желбата за власт и е спремен да проголта секоја антидржавна изјава, само за да направи Влада – додаваат од ВМРО ДПМНЕ во соопштението.

За разлика од Заев и криминогената врхушка на СДС, додаваат тие, граѓаните не сакаат двојазичност, бинационалност, двојазични банкноти, промена на знаме, химна и грб и промена на името по грчки терк, а најмалку сакаат федерализација на државата.

Би те интересирало и

Одбраната со повеќе забелешки за вештакот и за повредите на Села

Адвокатите на обвинетите на продолжението од денешното судско рочиште за нападот врз пратеникот, Зијадин Села ...

РСБСП: Над 60 отсто од возачите користат мобилен додека возат

Употребата на мобилен телефон додека возачот управува моторно возило станува причина број еден за одвлекување ...