ВМРО-ДПМНЕ: Каевски да си поднесе оставка – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

ВМРО-ДПМНЕ: Каевски да си поднесе оставка

ВМРО-ДПМНЕ  бара директорот на АМС, Дарко Каевски да си поднесе оставка. Тој сепак денеска го одбегна ова прашање, но повторно нагласи дека чувствува морална одговорност.

„Недоличните творби промовираат сексизам и шовинизам, шират говор на омраза и примитивизам. Бледите обиди да се избегне одговорност не можат да го спасат Каевски. Согласно Законот за издавачка дејност во чл.4 ст.1 издавачот мора да има уредник кој е одговорен за целокупната издавачка продукција. Според ст.2 од истиот член, уредникот е тој кој врши избор на публикации за објавување, прибавува и дава стручно мислење за публикацијата и е одговорен за квалитетот на истата“, истакна денеска на прес конференција Стефан андоновски од ВМРО – ДПМНЕ. Според него, целосната одговорност за содржината на збирката  ја има Каевски, бидејќи тој е уредник на истата.

„Дополнително чл.5 во ст.1 од истиот закон регулира дека пред издавањето на публикацијата издавачот заедно со авторот на делото и со другите лица кои учествуваат во изработката на публикацијата склучува договор со кој се уредуваат меѓусебните права и обврски“, додаде Андоновски.

Би те интересирало и

Откриена ризница со монети на кралот Харалд „Модрозабиот“ на Риген

Археолози во нива на најголемиот германски остров Риген откопале вредна сребрена ризница од доцниот 10. ...

Магдалена Ризова одбележува 25 години професионална актерска кариера

Театар Комедија вечерва ќе ја изведе романтичната комедија „Дони Дарк“ по повод 25 години професионална ...