ВМРО ДПМНЕ: Кога СДСМ беше на власт, во цела Македонија настрадаа 200.000 работници – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

ВМРО ДПМНЕ: Кога СДСМ беше на власт, во цела Македонија настрадаа 200.000 работници

vmro

Граѓаните во Штип убаво се сеќаваа што се случуваше во времето кога на власт беше СДСМ: затварање на ПИ „Македонка“, затварање на МК „Астибо“ и ЗИК „Црвена ѕвезда“, „Политекс“ и фабриката  „Селена“, илјадници наши сограѓани останаа без работа, илјадници семејства во Штип останааа на работ на  егзистенцијата. Токму во Штип најсилно се почуствува погубната и криминална транзиција на СДСМ од која во цела Македонија настрадаа 200 000 работници – реагира владејачката партија на денешната прес конференција на опозицијата – се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

СДСМ очигледно сакаат да заборават, но граѓаните убаво знаат дека во времето додека тие беа на власт не постоеше категоријата минимална нето плата. Во тоа време работниците во текстилната индустрија работеа најчесто непријавени за плати кои едвај достигнуваа 5 000 денари. Вработените за кои денес СДСМ зборува беа третирани во нивно време како луѓе од трет ред, без право на достоинствена плата и оставени без елементарната егзистенција.Граѓаните знаат дека Ветувањата на СДСМ за повисоки плати не се за верување, затоа што тие ветуваа и вработување на по еден човек во секое семејство па сите видоа дека тоа испадна една шарена лага – се додава во соопштението.

 

Би те интересирало и

Анита Ангеловска Бежоска избрана за гуверенер на НБРМ

Собранието на Република Македонија на 46. седница ја именуваше д-р Анита Ангеловска Бежоска за гувернер ...

Работниците од Фени ја прашуваат Слаѓана Тасева чии интереси застапува по наводите за стечајот во фабриката

По денешната прес конференција на Транспаренси Интернешнел Македонија, каде директорката Слаѓана Тасева ги повика надлежните ...