ВМРО-ДПМНЕ му најави на Данкан: Ќе има тензија, нашите гласачи и членство се вознемирени

„Ние сме под голем притисок на нашите гласачи и нашето членство да се бориме и да не го дозволиме нарушувањето на принципот ‘победникот со победникот’, затоа што во основа ние правично постапуваме цело време и сега некој друг не постапува правично кон нас.

Ние ќе направиме сè што е во наша моќ да ги задржиме мирот и стабилноста, но не знаеме како ќе се одвиваат работите. Ќе има тензија, луѓето се вознемирени, тоа е главната тема во нашата држава“.

Ова е ставот на ВМРО-ДПМНЕ, што го истакналр лидерот на партијата, Никола Груевски, членот на извршниот комитет, Никола Попоски, и секретарот за меѓународна соработка, Александар Николоски, на денешната средба со британскиот државен министер за Европа и за Америка, Ален Данкан, и со амбасадорот на Велика Британија во земјава, Чарлс Гарет.

– Министерот Данкан праша што ќе се случи ако ДУИ решат да одат со СДСМ и со другите помали албански партии, дали тоа ќе е нелегитимна влада, на што од ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека во нашето општество на тоа се гледа како на нелегитимна влада поради нарушениот принцип „победник со победник“, а посебно проблематично е што ДУИ преку ова коалицирање сака да издејствува неуставен закон за употреба на албанскиот јазик… Македонците поради тоа се длабоко фрустирани особено што ова се прави поради неуставен закон за двојазичност на целата територија. Не сме убедени и дека една таква влада може да ги постигне тие цели во една таква атмосфера. Затоа предложивме дека е добро да се направат нови парламентарни избори – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за средбата.

Државниот британски министер, како што стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, истакнал дека „заеднички интерес е да се остварат долгорочните цели на државата врзани со нејзините приоритети и нејзините интереси“.

– Што се однесува до формирањето влада, тоа не е наша работа. Тоа е ваша работа, работа на партиите – рекол Данкан.

На средбата амбасадорот Гарет прашал „која би била реакцијата доколку ВМРО-ДПМНЕ не направи влада со ДУИ, односно кои се следните чекори и дејства на ВМРО-ДПМНЕ за да ја изрази волјата на своите избирачи, на што од партијата им било посочено дека „за тоа ќе информираат кога ќе се донесе одлука за тоа, како и дека има долга листа на чекори, но што од тоа би одбрале не би можело да биде соопштено во овој момент“.

Во врска со Специјалното јавно обвинителство и неговата улога, од ВМРО-ДПМНЕ истакнале дека СЈО се претворило во партиски разгранок на СДСМ, дека се занимаваат со политика, а не со право.

Преземено од: Мета

Би те интересирало и

Луиза Винтон: Една од три жени изложена на некаква форма на насилство

Една од три жени или девојчиња е изложена на одреден облик на насилство во глобални ...

Револтирани работници реагираа пред капиите на Фени: Сметаат дека им се пласираат лажни информации

Револтирани работници денеска реагираа  пред капиите на Фени дека им се пласираат лажни информации од ...